Популарната мобилна апликација за четување WhatsApp сега поддржува и гласовни пораки

WhatsApp објави дека нивната апликација сега се користи од 300 милиони корисници секој месец. Над 20 милиони активни корисници, апликацијата има во Германија, Мексико, Индија и Шпанија. Корисниците на WhatsApp сега споделуваат 11 милијарди, а примаат 20 милијарди пораки дневно, јавува AllThingsD.

Заедно со бројот на корисници, WhatsApp објави дека сега апликацијата поддржува и гласовни пораки. Тоа што треба да ги разликува од конкуренцијата ќе биде едноставноста. За испраќање на гласовните пораки корисникот ќе треба да одбере три команди. Покрај ова нема да има ограничување на должината на пораките, а добредојдена е и функционалноста која го појачува или намалува звукот на телефонот во зависност од тоа колку е далеку од увото на корисникот.

„Се што правиме има многу повторувања. Никогаш нема да излеземе со гејминг платформа, па затоа сите детали се многу важни. Следните шест месеци ќе ги поминам во постојано преразгледување како работи функцијата на секоја од платформите.“, вели основачот на WhatsApp, Јан Коум.

Надградбата ќе дојде истовремено на iPhone BlackBerry, Android, Windows Phone и Nokia.

[youtube]i3I_7H1mByA[/youtube]

2 коментари на “Популарната мобилна апликација за четување WhatsApp сега поддржува и гласовни пораки

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии