Популарната екстензија за Chrome, Particle сега е adware

Particle до пред десетина дена беше популарна екстензија која овозможуваше промени на изгледот на YouTube. Сега екстензијата функционира како Adware, јави Next Web.

Промените започнаа од 11 јули откако авторот ја продаде екстензијата. Тој ги извести корисниците дека повеќе не е сопственик и дека престанува да ја одржува и менува екстензијата. Новиот сопственик ја промени екстензијата, па прва работа која ја прави Particle е барање на дозвола за следење на веб-страниците кои ги посетува корисникот.

За жал иако екстензијата го известува корисникот за новите пермисии, нема податоци зошто може да се користат. Токму ова е причината поради која е незадоволен авторот на екстензијата.

„Ми ветија дека нивниот сервис е усогласен со правилата за користење на Google, и во одреден степен и се. Од она што го видов во нивниот код промените се премногу агресивни и наменети за рекламирање. Екстензијата ги предупредува корисниците за промените, но не како што посакував, барање на нова дозвола не е исто како и објаснувањето зошто се користат“, вели развивачот на екстензијата на Github.

Екстензијата е веќе отстранета од Chrome Store, но приказната е одличен показател зошто на секое барање за промена на пермисиите, корисниците мора да бидат внимателни.

1 коментар на “Популарната екстензија за Chrome, Particle сега е adware

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии