Популарната апликација за шопинг листи Buy Me a Pie! сега е достапна и за Android

По една година на iOS, Buy Me a Pie! e симната над 4 милиони пати. Сега популарната руска апликација за правење шопинг листи, доаѓа на Android во обид да го зголеми бројот на корисници. Иако на App Store и Google Play има куп слични конкуренти, Buy Me a Pie! е една од покомплетните и поубаво дизајнирани апликации на пазарот.

Со апликацијата може да правите шопинг листи кои ќе може да ги споделувате со пријателите на различни уреди, или, доколку ја имате платената верзија, да ја споделувате листата на облакот или преку имејл и SMS. Тоа што е интересно е што Buy Me a Pie! сака да ја направи апликацијата комплетно бесплатна, но, за тоа да се случи, основачот Олег Недерев вели дека првин мора да најде друг модел на заработка кој може да вклучува соработка со брендови или издавање на купони. Во моментов апликацијата активно ја користат 80.000 луѓе дневно, или 500.000 месечно.

[youtube]qRuOFBeJD-k[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии