„Поправките на Нотр Дам“ нов документарец во виртуелната реалност

Дејан Соколоски

во Свет

Дали виртуелната реалност ќе ни овозможи во иднина да може да посетиме споменици кои денес изгледаат сосем поинаку или воопшто и не постојат.

Нотр Дам е изградена во 12 век, но за жал неодамна во пожар изгоре голем дел од неа. Катедралата е една од локациите по кои Париз е препознатлив, па обидите за реставрација не изненадија никого.

Тука некаде започнува документарниот филм на TARGO „Rebuilding Notre Dame“. Во филмот сопствениците на некој уред за виртуелна реалност може да прегледаат како катедралата изгледаше пред пожарот, и како изгледа сега.

Она што за дел од нас ќе биде поинтересно ќе биде како виртуелната реалност ќе помогне за реставрирање на веќе уништени споменици, па можеби и цели предели во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии