Поплавите во Тајланд ќе предизвикаат раст на цените на хард дискови

Mоменталната поплава која ја има зафатено оваа држава ќе влијае на компјутерските производители и на технолошките гиганти како Apple, Hewllet-Packard, Dell, Intel и други. Поплавите во Тајланд, која е втората држава во светот во производство на хард дискови, веќе имаат зафатено една третина од вкупното производство што изнесува повеќе од 120 милиони хард дискови годишно.

Western Digital, наголемиот произведувач на хард дискови во светот, проценува дека компанијата ќе може да продаде помеѓу 22 и 26 милиони хард дискови во последниот квартал од оваа година, што е скоро половина од тоа што претходно го има продавано. Според главниот човек на Western Digital, поплавени се 14.000 фабрики, а 660.000 вработени се надвор од работа. Уште една компанија за производство на хард дискови, Seagate, исто така очекува дека продажбата ќе опадне за 20 отсто.

Поплавите, покрај тоа што најверојатно ќе предизвикаат раст на цените на персоналните компјутери на глобално ниво, исто така ќе предизвикаат и недостиг на персонални компјутери. Главниот човек на Apple, Тим Кук, изјави дека недостигот на хард дискови е сигурен, но бидејќи целосна проценка на штетата не може да се изврши, не се знае кога ќе се излезе од овој проблем. Тој исто така изјави дека поплавите сигурно ќе влијаат на продажбата на Mac компјутерите.

Покрај компаниите за производсто на компјутери, поплавите ќе влијаат и на компаниите кои произведуваат фото камери, како Canon, Nikon и Sony, кои имаат производни капацитети во Тајланд. Автомобилската индустрија исто така е зафатена од поплавите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии