Понижувањето на Бразил е најтвитаниот настан до сега со 35,6 милиони твитови

Вчера Германија постави неколку нови рекорди на светските фудбаски првенства. Првин го остварија најголемиот резултат од 7:1 во полуфинале на Светски Куп. Втор рекорд е што го понижија Бразил, една од најголемите светски фудбалски сили, и што го победија токму во Бразил, каде се одржува првенството, на домашен терен каде бразилската репрезентација немаат забележано пораз уште од 1975-та година. И секако, третиот рекорд, поврзан со феноменот на друштвените мрежи, е што натпреварот беше искоментиран од 35,6 милиони твитови. Петиот гол на Кедира забележа 580.166 твитови по минута. Претходниот рекорд беше поставен за време на Super Bowl 2014 со 24,9 милиони твитови.