Поминете го претстојниот викенд со следниве бесплатни игри

Оние кои ќе најдат слободно време викендов би можеле бесплатно да се забавуваат со For Honor, Squad, Siberia, Battlerite и многу повеќе!

На заинтересираните за мрежна акција во прво лице им препорачуваме да се втурнат во бесплатен викенд за Squad. Играта и понатаму продолжува да е дел од програмата за ран пристап, но тоа не ги спречува играчите да ѝ доделат 83% позитивни рецензии на Steam. Squad е одлична дестинација за сите што уживаат во хаотични битки каде тимови од по 50 играчи се борат за ултимативната доминација. Низ огромните мапи преовладуваат реалистични гејмплеј механики кои не доаѓаат до израз без комуникација и тимска работа.

Желните за мрежни пресметки, но од средновековна перспектива би можеле да го проверат чедото на Ubisoft и да си ја пробаат среќата со уникатни воини и иновативен борбен систем со ладни оружја. For Honor бележи константни надградби, последната од нив алудира на четврта сезона од нови херои, мапи и балансирања. Во случај да ви се допадне престојот, играта се продава со 60% попуст.

Претходните две игри се бесплатни за играње само викендов, но доколку побрзате, ќе можете бесплатно и засекогаш да си зграпчите копија од Siberia. Како дел од најновата промоција на GOG, сите посетители ја добиваат првата авантура со неуморната Кејт Вокер, а доколку ја поседувате втората игра на Steam, бесплатно ќе бидете наградени со DRM-Free копија преку GOG Connect. Дополнително, третата игра се продава со 57% попуст.

Инаку, Battlerite конечно ја напушти Early Access програмата, и, сега, оваа MOBA-инспирирана мрежна игра е целосно бесплатна-за-играње. Транзицијата се слави со нов трејлер, нов шампион, како и 200 предмети (од козметичка природа). Секоја недела, шест различни шампиони ќе бидат бесплатни за играчите, а доколку сакате некој трајно да отклучите, потребно е да одделите одредена сума или од дигиталната валута или од вашиот паричник. За да ги отклучите сите моментни и идни шампиони, потребно е да го купите Champion’s Pacк (30 долари). За 50 долари, добивате Ultimate Fan Pack, односно сите шампиони, добивање искуство за 10% повеќе, но и животни за јавање, како и пет златни ковчези.

За крај, би ви препорачале да го проверите и штотуку излезеното PC демо за Session – игра која дава сосема нова димензија на скејтбордингот и сите што се чешлаат така. Користејќи ја импресивната моќ на Unreal Engine 4, оваа игра во отворен свет ви дозволува да ја негувате вашата љубов кон скејтбордот и да преминате од аматер во вистински професионалец, без или со вашите пријатели.

Дефинитивно не заборавајте дека Watch Dogs е бесплатна преку Uplay, Mu Legend е во отворена бета, LawBreakers има бесплатен викенд, а StarCraft 2 ќе биде бесплатна за играње веќе од наредната недела!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии