Поминете ја претстојнaта недела со Outlast, Depth или Overwatch

Викендов гејмерите кои се по квалитетни игри, но не и по трошење пари ќе можат бесплатно да ги истражат најдлабоките понори на психата или пак океанот.

Outlast Deluxe Edition е бесплатна во наредните 24 часа! Сите оние кои се за едно од најстрашните искуства во најчиста форма ги замолуваме храбро да се упатат кон сајтот на Humble Bundle и да го зграпчат едно од нај уникатните искуства во хорор жанрот. Outlast Deluxe Edition доаѓа со основната игра, како и феноменалниот додаток Whistleblower. Играта се одликува со неверојатно позитивни рецензии (95%), а видните критичари ја прикажуваат како незапирлив терор кој ќе ги тестира вашите нерви до точка на пукање.

Depth е исто така бесплатна, но само за викендот. Ако Outlast се стреми да пружи самостојно хорор искуство на земјата, Depth ќе проба да ве исплаши со ист интензитет, но преку мултиплерски пресметки каде можете да играте или со ајкула или со нуркач. Навлезете како една од седум видови ајкули и нападнете го вашиот плен кога најмалку се надева или пак организирајте тимска работа како снаодлив нуркач и користете арсенал од оружја. Depth има 86% позитивни рецензии, а основната игра се продава со 75% попуст, односно за 300 денари.

Во моментот кога ќе посакате нешто поразлично, не заборавајте дека и хитот на Blizzard ги отвора портите за сите заинтересирани. Overwatch е бесплатна за играње од 22 до 25 септември. Играта ќе можете да ја проверите преку Xbox One, PS4 и PC, а напредокот за време на бесплатниот викенд ќе биде сочуван доколку некогаш ја купите играта. Бесплатните тестери добиваат целосен пристап до играта и сите последователни надополнувања, како 25-те херои, не исклучувајќи го Doomfist, или пак модот Deathmatch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии