Поминете го претстојниот викенд со The Division или FIFA 18

Мартин Јованчевски

во гејминг

The Division, како солидна пукачка игра во трето лице и со ММО елементи, ќе биде бесплатна за играње викендов. По цела година надградба и проширување на клучниот гејмплеј во The Division, особено во player-versus-player делот, тимот зад играта изјави дека конечно е спремен да го прошири отворениот свет и да понуди нови PvE содржини за впивање. Во пресрет на надополнувањето 1.8., Ubisoft ви дозволува бесплатно да проверите во каква состојба е шутерот и тоа од 14 до 17 септември. Покрај основната игра, во која е вклучена целата кампања, заинтересираните ќе можат да навлезат и во темната зона и да проверат какви (не)пријатни PvP изненадувања ги очекуваат таму. Во моментот кога го читате ова, The Division е оспособена за предвремено преземање преку клиентот на Ubisoft, Uplay, а и се продава со 60% попуст. Сличен третман се очекува и преку платформата на Valve, Steam.

Доколку ваквото нешто не ви прилега и сте повеќе ориентирани кон дигиталната страна на спортот, ви препорачуваме да го проверите и штотуку излезеното демо за FIFA 18. Оние кои се по фудбалот, ќе можат бесплатно да проверат 12 тимови, четири стадиони и мал дел од продолжетокот на приказната за Алекс Хантер. Во Kick Off режимот, можете да ги контролирате тимовите Manchester United, Manchester City, Real Madrid, Atlético Madrid, Juventus, Bayern Munich, LA Galaxy, Toronto FC, Boca Juniors, Guadalajara, Vissel Kobe иParis Saint-Germain низ стадиумите (Real Madrid) Santiago Bernabéu, (Boca Juniors) La Bombonera, (LA Galaxy) StubHub Center и (Al-Hilal Saudi) King Fahd Stadium. Демото е овозможено за PlayStation 4, Xbox One и PC и можете да ја преземете соодветната верзија тука!

Сосема неповрзано, сезонската пропусница за Star Wars Battlefront стана бесплатна на Origin, а ултимативната едиција се продава за неполни 300 денари. И, бидејќи никако не би сакале да ги занемариме стратешките лидери и уживатели на 4Х игрите, би шепнале и дека бесплатното надополнување за Endless Space 2 штотуку воведе нова мисија, единици и балансирања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии