Поминете го претстојниот викенд со Civilization III, Payday 2, Dawn of War III и многу повеќе

Во случај да барате бесплатна забава, викендов ќе можете да си се почестите со неколку, исклучително квалитетни наслови.

Во наредните 24 часа, Humble Bundle ја нуди Sid Meier’s Civilization® III: Complete на сите посетители, нешто што се поклопува со нивната промоција со длабоки попусти за сите Formula 1 фанатици. Од друга страна, Warhammer 40,000: Dawn of War III е бесплатна за играње само за викендов, а оние кои ќе бидат импресионирани од ваквата научно-фантастична стратегија, ќе можат да си ја купат играта со 50% попуст. Играта доби бројни пофалби од видните критичари, но не и од самите играчи кои ѝ прилепија само 50% позитивни рецензии.

На слична нота како и Humble Bundle, и Steam има промоција на бројни наслови од издавачот Codemasters. Во случај да барате ко-оп акција во најчиста форма, пробајте си ја среќата и со Payday 2. Оваа игра е бесплатна за играње цели десет дена, во чест на Locke and Load настанот, за кој се потврдија бројни бесплатни содржини и барем две нови heists и еден лик. Ултимативната едиција на Payday 2, која се одликува со над 150 оружја, 15 ликови, 250 маски и 50 heists, се продава со 78% попуст, односно за неполни 20 евра или многу помалку доколку веќе имате купено некои содржини.

Оние кои се за уште пооткачена акција од Painkiller универзумот, дефинитивно би ги упатиле кон продавницата  GameSessions и нивната бесплатна понуда на Painkiller Hell & Damnation. Играта со небесниот атентатор е бесплатна до 1.ноември.

За крај, најљубезно би ве замолиле да ја проверите и Warhammer: End Times – Vermintide. Во чест на долго-исчекуваниот продолжеток, Vermintide е бесплатна за играње уште добри пет дена и, доколку и пружите шанса, насловот ќе знае да ги исполни вашите ко-оп аспирации во прославениот Wargammer универзум. Основната и колекционерската едиција се продаваат со 75% попуст.

Пријатен викенд! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии