Поминаа точно 10 години откако Apple ја промени музичката индустрија со iTunes Store

Кога пред 10 години Стив Џобс на презентација ја претстави новата верзија на iTunes, третата генерација на iPod и iTunes Store, многумина очекуваа дека музичката индустрија ќе се спротистави на обидот да се продаваат дигитални песни, наместо албуми, како што му се спротистави на Napster. Но, денес услугата на Apple ја користат над 435 милиони корисници од 119 држави кои имаат пристап до нешто над 26 милиони песни. Г. Џобс беше во право кога рече дека „Интернет е совршен за купување музика.“

Во 2003-та музиката на Интернет се споделуваше преку Emule, Kazaa, bearshare, a со музичката индустрија на интернет владееа сервиси за кој требаше да ја платите месечна претплата за да купувате музика како Press Play или Rhapsody. Apple успеа да го направи купувањето на музика подеднакво привлечно како и во продавница. На ова му претходеше и претставувањето на iPod, кој беше еден од најпопуларните уреди за слушање музика, но и iTunes кој во ова време беше достапен за двата популарни оперативни системи iOS и Windows. Аpple го искористи своето корпоративно влијание за да стапи во договор со EMI, Sony, Universal, Warner, BMG и другите музички студија. На почеток Apple имаше 200.000 песни и технологија преку која можеше да им ги понуди на корисниците. Цената на песните беше речиси симболична, 99 центи за песна, што ја разлути музичката индустрија која до тогаш продаваше цели албуми на ЦД-а, плочи и касети за по околу 10-20 долари.

Само првата недела корисниците купија милион песни, а бројката порасна на 10 милиони за шест месеци. До крајот на првата година iTunes Store продаде 50 милиони песни и ова го стави г. Џобс на „возачкото седиште“ за продолжување на преговорите со музичките студија.

„Ако бевте во музичкиот бизнис, а ве немаше на iTunes тогаш не бевте кул.“, вели Пол Видич за The Verge.

Apple ja искористи доминацијата на iTunes во светот на музиката, за да продолжи да ја менува перцепцијата на Интернет како простор на кој ќе може да се купуваат дигитални копии на речиси се што може да биде дигитализирано. iTunes сега се користи за дистрибуција на филмови, серии и се разбира апликации.

[youtube]uqXAebAFQHs[/youtube]

1 коментар на “Поминаа точно 10 години откако Apple ја промени музичката индустрија со iTunes Store

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии