По 14 години од основањето Google сè уште е доминантниот веб пребарувач

На денешен ден во 1998 година, регистрирана е приватната компанија Google со мисијата да ги организира сите информациите и да ги направи достапни за сите. Денес, нема некој што не знае што претставува Google и што ниту еднаш во денот не користи Google.com за да пребара информации.

Компанијата во претходните 14 години напредуваше и тоа како… вреди повеќе од 200 милијарди долари и има преку 50.000 вработени ширум светот. Секоја година излегуваат нови Google проекти. Најновите Goolge+ и KnowledgeGraph се наменети да ги организираат сите продукти во една гигантна друштвена мрежа, односно ја започнуваат транзицијата кон семантичкото пребарување, додека старите и неуспешни проекти како iGoogle и Wave ги пензионира. Но, Google не е фокусиран само на Вебот, напротив. Компанијата се вклучи и во нови пазари. Од 2005 година започна да работи на мобилниот оперативен систем Android кој денес се користи од над 400 милиони телефони.

Иако Google е регистрирана во 1998 година, сепак почетоци се малку порано. Основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин до идејата за пребарувач дојдоа уште во 1996 година кога заедно работеа на истражувачки проект на познатиот Станфорд универзитет. Двајцата млади ентузијасти првин сакаа компанијата да ја крстат „Googol“ што претставува број со сто нули за да го симболизира проектот кој треба да собере огромен број на информации. Но, го променија името во Google и денес ова бесмислено име, благодарение на влијанието на компанијата, успеа да влезе во англискиот речник како глагол.

Доменот Google.com е регистриран на 15 септември 1997 година, иако, интересен факт е и дека почетоците на Google се на адресата на google.stanford.edu и z.stanford.edu, а компанијата е регистрирана на 4 септември 1998 година. Во продолжение емисија од Discovery Science, посветена на Google.

[youtube]iBCSibI4ffg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии