Помина повеќе од година како Game Mode прави проблеми со перформансите, но од Microsoft ветуваат решение наскоро

Пред нешто повеќе од година дена пишувавме за тоа како Game Mode може да ги намалува перформансите во игрите, наместо да ги подобрува. Kако најдобро решение, особено доколку приметивте проблеми, се советуваше целосно да се исклучи ваквиот режим преку избирање Settings, па Gaming, па Game Mode, и кликнување на опцијата off.

Овој совет и понатаму држи вода, барем до следното надополнување за Windows кое, според Microsoft, би требало да ги исправи сите проблеми предизвикани од Game Mode. Одредени корисници веќе го слават крајот на ваквите главоболки, објаснувајќи дека работите се подобри по последното надополнување од пред недела дена. За сите останати, Microsoft вели дека проблемот е открие и наскоро ќе биде отстранет.

Во меѓувреме, се препорачува и да се избере High Performance, а да не се оди со Balance планот. Преку Start напишете Power, изберете Power & Sleep Settings, па Additional Power Settings преку ново-отворениот прозорец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии