Помести се Intel! Доаѓа нов „крал“

Дејан Соколоски

во Хардвер

Помина навистина многу, многу долг период откако AMD и Intel не биле блиску со продажбата. Ова секако не е случај ниту сега, но во дел од пазарите продажбата на AMD ја надминува или се приближува до продажбата на Intel. Една од причините за ова е новиот процесор на AMD Ryzen 9 3900X Zen 2. Процесорот е најдобриот досега на AMD, а со исклучок на неколку области, процесорот е подобар и од најблискиот конкурент Intel Core i9-9900K.

Секако Intel и понатаму е подобар за гејминг, иако разликата е речиси занемарлива. Она што ќе биде интересно да се види наскоро е колку од оваа предност на Intel доаѓа поради подобрата оптимизација на игрите за Intel процесори. Сепак она што мора да се истакне дека за сите други „задачи“ без разлика дали се сингл или мулти тред, подобри резултати има Ryzen 9 3900X. Тимовите за поддршка и оптимизација на Intel секако имаат одлична оптимизација за повеќе апликации, WinRAR е една од нив, па оваа алатка работи значително подобро на Intel и сè што користи Quick Sync работи подобро на Intel процесор.

Сепак и покрај овие „мали победи“ за Intel, AMD успеа да освои неколку пазари. Неколку дена по започнувањето на продажбата на 3000 серијата на Ryzen продажбата на AMD на азискиот пазар значително порасна. Според податоците на BCN кои ги сподели WCCFTech во Јапонија AMD има 50,5 отсто од продадените процесори. Во Јужна Кореја продажбата на AMD e дури и подобра, компанијата последниве неколку денови бележи раст на продажбата од 48,72 проценти. Во последните денови на продажбата на AMD во Јужна Кореја отпаѓа 53,36 отсто од процесорите, наспроти 46,64 отсто на Intel процесори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии