Помал персонален данок за ИКТ секторот

Следната година ИКТ секторот ќе плаќа помал персонален данок. Ова е дел од четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата поради пандемијата Ковид-19 кои ги донесе Владата.

Дополнително повеќе нови расходи се додаваат на листата кои ќе бидат даночно признати расходи. Дел од овие активности се однесуваат на подигање на квалитетот на кадарот. Тука спаѓаат различни тренинзи, курсеви, лиценци, полагање за сертификати и слично. Во даночно признат расход ќе влезат и трошоците за тим билдинг. Oд 1 јануари во даночно признати расходи влегуваат и расходите за приватно здравствено осигурување.

Планот за намалување на данокот на личен доход започнува од 1 јануари 2021 година. Данокот во ИКТ секторот ќе се намалува постепено од 10 проценти на 0 проценти до крајот на 2023 година.

Пакетот за поддршка на компаниите и граѓаните е 350 милиони евра и во него влегуваат повеќе различни мерки од картички за невработени до пролонгирање на грејс периодот за бескаматни кредити од КОВИД 1 линијата, вели Фактор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии