Полу-автономните камиони на Waymo започнаа со тестови

Компанијата која излезе од автономните возила на Google, Waymo започнува со тестови на автономни камиони. Првиот камион кој доаѓа со технологијата од Waymo е Peterbilt 579. Google не е прв со технологијата за камиони. Автономните камиони на Otto се првите големи возила, но поради тужбите со Waymo, иднината на Otto е неизвесна.

Во меѓувреме автономните камиони на Google започнаа со тестови. Возилото го пресретна фотографот на Jalopnik, каде може да видите повеќе фотографии. Што се однесува до технологијата се чини дека нема нема никаква разлика помеѓу автомобилите и камионите. Камионот доаѓа со Lidar, ултрасоничен сензор и радар. Како и кај автомобилите и тука лидарот е монтиран на кровот на возилото.

„Долгите рути за превоз на стока се очигледно место за автономни возила, пред да станат вообичаени патнички возила. Фактот што камионите се дел од флота која е мониторирана од еден центар и се користат за долги патишта прави да бидат одлични за раните прифаќачи на технологијата“, вели Jalopnik.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии