Половина од прегледите на Youtube сега доаѓаат преку мобилните уреди

Половина од содржините на Youtube сега се прегледуваат од паметните телефони или таблет компјутери, вели директорката на YouTube, Сузан Војчички на Cоde Mobile конференцијата, oрганизирана од Re/code. Порастот на пристап од мобилна платформа се припишува на се поголемата популарност на YouTube апликациите во Google Play и App Store, јави Re/code.

„YouTube во моментов заработува од реклмаи, ова е одлично бидејќи ни овозможува да допреме до милијарди корисници, но ќе стигнеме до момент кога луѓето нема да сакаат да ги гледаат рекламите, тогаш или ќе овозможиме модел со кој ќе можат да изберат претплата за да не ги гледаат рекламите, ова е интересен модел. Размислуваме како да им дадеме на корисниците повеќе можности“, вели г-ѓа Војчички .

На конференцијата директорката мистериозно откри и дека YouTube продолжува да работи на својот музички проект со кој ќе им понуди на корисниците да ги зачуваат песните кои им се допаѓаат за месечна претплата. Шпекулациите велат дека името на услугата ќе биде Youtube Music Key или Google Play Music Key, а претплатата ќе биде околу 10 долари месечно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии