Половина од продадените паметни часовници во 2018 се Apple Watch, раст и на Samsung и Fitbit

Со одлична продажба во 2018 година Apple успеа да ги убеди корисниците дека нема подобар паметен часовник од нивниот. На Apple Watch сега отпаѓаат половината од сите продадени паметни часовници, јави Apple Insider. Речиси веднаш по излегувањето часовникот беше еден од најпродаваните, но сега за првпат зафаќа 50% од сите продадени часовници. Сепак најголем пораст во продажбата имаат Samsung и Fitbit, што придонесе застапеноста на Apple Watch на пазарот да се намали. Двете компании четирикратно ја зголемија својата продажба во овој сектор.

Во последното тримесечје на 2018 година Apple испорачал над 9,2 милиони часовници, ова претставува пораст од 18% во однос на 2017 година. Само во 2018 година се испорачани 22,5 милиони што е доволно за половина од пазарот. Во истиот период Samsung испорача 2,4, а Fitbit 2,3 милиони часовници. Секако популарноста на паметниот часовник на Apple доаѓа од интеграцијата и апликациите и сервисите кои ги нуди Apple на часовникот, но и на довербата која уредите на Apple ја уживаат кај корисниците. Компанијата всушност претходната година беше и подобро застапена со 67% од вкупната продажба.

Падот оваа година се должи на зголемениот интерес за часовниците од само 2 конкурентски производители, Samsung и Fitbit, процени Strategy Analytics. На паметните часовници од Fitbit отпаѓаат 12,2% од часовниците, на Samsung отпаѓаат 11,8% од часовниците, а на Garmin 7,1% од паметните часовници продадени 2018 година. Apple, Samsung, Fitbit и Garmin продаваат 80% од сите паметни часовници во светот. Интересно ниту еден од најпродаваните часовници не е со Wear OS оперативен систем. Веројатно главната причина за ова е падот на ентузијазмот кај производителите додека ја чекаат следната верзија на оперативниот систем.

Добра вест е дека во 2018 година порасна и глобалниот интерес за паметни часовници и фитнес додатоци, а целиот пазар порасна за огромни 56%.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии