Половина од пребарувањата на Google доаѓаат од мобилни телефони

Сигурно веќе сте забележале дека за сите презентации на сервисите на Google, дури и оние кои се достапни на десктоп платформите се повеќе се користи паметен телефон. Ова не случајно, бидејќи од пред неколку месеци најголем дел од пребарувањата доаѓаат од паметните телефони, јави Venture Beat.

„Ова лето за првпат, пребарувањата од мобилните платформи ги надминаа пребарувањата од десктоп. Повеќе од 100 милијарди пребарувања секој месец доаѓаат од паметните телефони“, вели Амир Сингхал, потпрестдател на Google.

Најголем дел од промените кои ги прави компанијата имаат поголемо влијание на паметните телефони. Accelerated Mobile Pages овозможува побрзо вчитување на вебстраните на паметние телефони, а неодамна компанијата овозможи поголем рејтинг за вебстраните кои се оптимизирани за мобилните платформи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии