Полицијата во САД ги злоупотребува алгоритмите на YouTube

Бизарен инцидент на протест пред судницата во Алмеида во Оукленд, Калифорнија покажува колку е едноставно да се злоупотребат алгоритмите кои YouTube, но и останатите платформи ги користат за отстранување на содржина во која има музика заштитена со авторски права.

Расправија помеѓу полицијата и неколку демонстранти пред судницата започна сосем нормално. Во еден момент полицаецот го извади телефонот и почна да слуша Тејлор Свифт. Речиси во исто време му одговори на демонстрантот кој снимаше со телефон „Можеш да снимаш колку сакаш. Знам дека нема да може да го ставиш на YouTube“. Еден од демонстрантите се чини дека е запознаен со оваа пракса и точно знаеше која му е намерата на полицаецот, објаснувајќи дека полицијата го злоупотребува начинот на кој се детектира заштитена музика за да блокира содржина.

На јавен простор луѓето може да ја снимаат работата на полицијата, но полицијата го користи алгоритамот на YouTube за филтрирање на музика со авторски права за лесно да ја блокира содржината, вели Gizmodo.

Интересно оваа пракса не е нова. Уште во февруари Vice забележа дека полицајци во Беверли Хилс користеле музика за да блокираат стрим во живо. Овој пат полицаецот не само што е снимен во живо, туку се чини дека и потврдува дека намерата му е да ја искористи песната за да го блокира видеото.

1 коментар на “Полицијата во САД ги злоупотребува алгоритмите на YouTube

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии