Полицијата во Амстердам преку друштвени мрежи организира лов на „криминалци“

Холандската полиција за 26 мај закажа настан во кој заедно со граѓаните ќе се обидат да ги фатат „злосторниците“. Настанот ќе се одржи во Амстердам, и ќе биде отворен за сите кои се заинтересирани.

Станува збор за игра или натпревар во која граѓаните ќе треба да го пронајдат „злосторникот“ и да го пријават. За највнимателните ќе има и награди.

„Луѓето кои ќе го пронајдат криминалецот треба да го фотографират, да ја споделат неговата локација преку Facebook и може да добијат награда“, вели организаторот на настанот.

Секако полицијата и граѓаните нема да бркаат криминалец, туку преку игра полицијата се обидува да ги активира граѓаните да им помогнат. Главна причина за акцијата е неодлучноста на граѓаните да и помогнат на полицијата, иако полицијата не може без никаква помош сама да ги чува населбите и домовите.

Целта на целиот настан е да се мотивираат граѓаните да ги пријавуваат криминалците и со тоа да им помогнат на полицајците. На полицијата и е потребна соработка со граѓаните, како во откривањето на криминалците така и за сведочења против нив. Ова е интересен начин на кој полицијата преку друштвени мрежи и акција, вежба заедно со граѓаните за некоја идна соработка.