Полицијата има помош од Android, бидејќи Google секогаш знае каде сте

Податоците кои Android ги чува за своите корисници неколку пати досега им помогнале на полицајците во следење на осомничените. Google ги следи корисниците за подобро да им презентира реклами, но постојаното следење е корисно и за властите. Google Timeline и Location History му помагаат на Google да ги следи движењата на своите корисници, додека Google Maps ги бележи локациите, а Google Photos може да ги спои локациите и фотографиите. Целиот сервис овозможува визуелизација на движењето, вели Verge.

Еден пример е Тимоти Грахам кој беше осуден за кражба што ја изврши неколку месеци претходно, благодарение на следењето од Google. Откако тој повторно ја нападна истата банка, властите го искористија Google Timeline за да го сместат на местото на настанот што се случи пред неколку месеци.

Вообичаено овие податоци се помеѓу Google и корисниците, но во случај кога полицијата ќе дојде со судски налог, компанијата мора да ги обезбеди овое податоци. Овие податоци се достани и од операторите, но податоците на Google се попрецизни. Засега јавно се достапни два случаи во кои Google сооработувал со полицијата, но не е исклучено бројката да е поголема.

The Intercept објави дека американската полиција има водич (достапен онлајн) за како да го користи Android телефонот за следење на корисниците. Овој документ постои од 2009-та година, и бидејќи се покажува како успешна пракса, најверојатно ќе слушаме повеќе за судски налози за пробивање на Android уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии