Полисата за приватност на Google е спротивно законите на ЕУ

Европската Унија ќе отвори истрага да провери како Google ќе ги користи корисничките податоци. Google ја одби сугестијата од ЕУ да го одложи стартувањето на новата полиса за приватност, која стартува од 1 март.

Новата полиса за приватност на Google ќе дозволи корисничките податоци од еден сервис на Google да бидат искористени и од другит сервиси, како YouTube или Google+. Нејзината цел е да биде поедноставна и полесно разбирлива за корисниците да сфатат кои нивни податоци ги користи Google. Сервисите ќе си ги задржат своите полиси за приватност заради правни причини.

Google вели дека се убедени дека нивната полиса е според правилата на Европската унија за заштита на корисничките податоци. Но, според Вивен Рединг, евро-комесарката за правда, новата полиса на Google не е доволно транспарентна.

Истрагата ќе ја водат француски регулатори кои ќе проверуваат како се користат корисничките податоци од разните сервиси. Регулаторите велат дека не се сигурни дека таквото користење на податоците се според законот и според правилата на ЕУ.

Оваа истрага започнува во незгодно време како за Google, така и за ЕУ, бидејќи Унијата подготвува нови дигитални правила што ќе ги обрзат веб сервисите, како Google и Facebook, да бараат дозвола од корисниците за да складираат нивни податоци или да ги продаваат за таргетирано рекламирање, пишува Reuters.

2 коментари на “Полисата за приватност на Google е спротивно законите на ЕУ

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии