{mosimage}Иако луѓето во сино веќе располагаат со голем број на алатки за компјутерска форензика и аналитика, овој пат добија помош и од гигантот Microsoft. Се работи за флеш драјв, наречен COFEE (Computer Online Forensics Evidence Extractor), кој располага со повеќе од 150 команди кои можат да бидат искористени за собирање на информации, декриптирање на лозинки, анализа на мрежна активност и сл.
Вакви драјвови биле расподелени низ 15 различни земји кои ги користат повеќе од 2000 офицери кои се занимаваат со аналитика и дигитална форензика на компјутери.
Со помош на овие уреди, полицајците односно аналитичарите ќе можат на местото на загрозениот или осумничениот компјутер да извршат анализа на податоците со само едно ставање на стикчето во компјутерот.
Microsoft сеуште не најавил кога ќе започне со испораката на стикчињата, но се очекува дека тоа ќе се случи наскоро.