Полесно автоматизирање на здодевните процеси со новиот данско-македонски стартап Easybots

Easybots е нов данско македонски стартап кој сака да ви помогне со здодевните процеси  кои се повторуваат. Easybots претставува алатка за автоматизирање на задачи и со тоа креирање на софтверски решенија за неколку минути. Автоматизацијата се прави преку истоимената платформа која веќе е достапна за преземање.

„Често пати програмерите имаат споредни, репетитивни задачи, кои се лесни да се извршат рачно, но одземаат значаен дел од времето.

Во QA тимовите во Microsoft постои непишано правило – ако некој тест треба да се изврши повеќе од 7 пати, тогаш се исплати да се автоматизира. Ние мислиме дека истото правило треба да се примени и на овие споредни, репетитивни задачи за програмерите.

Пример, колку пати сте чекале некој процес да заврши за да продолжите со некоја друга задача (тестови да завршат, да се ажурира некој кој веб сајт, колегата да направи git commit, etc..) ?

Сите овие задачи можат да се автоматизираат во некој програмски јазик, меѓутоа да се прави тоа од нула не е ефикасно. Идеално, би имале готови компоненти, и автоматизирањето би било едноставно со конектирање на овие компоненти.

Така се јави идејата за Easybots, која, како алатка за автоматизација, ќе им овозможи на програмерите брза автоматизација (за неколку минути, наместо часови или денови) на било каква задача преку визуелно програмирање/поврзување на веќе готови компоненти“, вели Никола Велковски, дел од развојниот тим на Easybots.

Алатката е едноставна за користење. Има визуелен „drag & drop“ едитор преку кој се креира модел на процесот.

Развивачите на Easybots платформата сакаат да им овозможат на корисниците и сами да си креираат сопствени автоматизации. Платформата доаѓа со сопствена алатка за развој SDK со која програмерите ќе можат да креираат и да објавуваат ботови за автоматизација.

„Нашата мисија е да им овозможиме на програмерите лесно и интуитивно да ги автоматизираат своите репетитивни таскови, со креирање на сопствена армија од софтверски роботи и нивно проврзување преку визуелно, drag&drop програмирање.

Преку Easybots платформата, програмерите ќе можат да превземат готови софтверски роботи (ботови) и со визуелно поврзување (drag&drop) да им дадат инструкции на овие ботови, чие извршување би резултирало со автоматизирано решение на некаков проблем.

Исто така, Easybots нуди Software Development Kit (SDK), со кој програмерите ќе можат многу лесно да направат свои ботови и да ги објавуваат, споделуваат или продаваат преку платформата.“ – велат од Easybots.

Веројатно најдобриот пример за начинот на кој може да се искористи ботот е објавен на блогот на Easybots со наслов „Како армија од софтверски роботи ми набави билет за Вардарски Пастуви пред сите други ?!“; тука преку едноставен пример корисниците може да се запознаат со можностите и работата за изработка на бот.

На идните корисници на располагање им се оставени неколку модели за претплата. Бесплатен модел ограничен со 100 акции во текот на денот и 10 бота; „Стандарден“ доаѓа за 5 долари претплата со 40 бота и 400 акции во еден ден и „Про“-пакет кој доаѓа за 10 долари со 400 ботови и 100 000 акции во еден ден. Пакетите имаат и други ограничувања кои може да ги погледнете на страницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии