Полесен пристап до емоџи со Emojis Picker

Емоџите и понатаму преовладуваат како забавна форма за визуелна комуникација во електронски пораки и веб страници. Но, што доколку сакате да вметнете некое емоџи, но не знаете како?

Emojis Picker е алатка која ви дозволува на брз и ефикасен начин да пронајдете какво било емоџи и да го копирате. Потоа истото можете да го префрлите во и-мејл, порака или документ. Процесот е брз и се состои од прелистување на листата со бројните емоџи. Еден клик на саканото емоџи, автоматски го копира во Windows clipboard и потоа со ctrl+v (или десен клик па paste) може да го префрлите емоџито каде било.

Доколку знаете какво емоџи барате можете да изберете категорија или да го напишете клучниот збор во полето за пребарување и листата ќе се обнови со емоџи кои се соодветни на пребараното.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии