Пола цени за сите Facebook реклами кои линкаат назад кон фан страните

Facebook ќе ги намали цените за 45 отсто по клик за сите реклами и спонзорирани приказни доколку тие линкаат назад кон фан страна, наместо кон надворешен веб сајт, се вели во извештајот на маркетинг агенцијата TBG Digital.

Според истражувањето, ова намалување на цените всушност се зголемува со тек на времето, пример пред година дена било 29 отсто. Најверојатно зголемувањето е обид на Facebook да ги мотивира огласувачите да креираат друштвени кампањи во самата мрежа, бидејќи дури 61 отсто од компаниите кои се рекламирале на мрежата ги редиректирале корисниците кон своите сајтови.

Наместо да промовираат сајтовите, Facebook би сакал огласувачите да стартуваат маркетинг кампањи „внатре“ во друштвените мрежи, првин привлекувајќи ги корисниците да кликнат Like на страната или да активираат апликација, па доколку се заинтересираат корисниците, оттука ќе можат да ги испратат и на сајтовите кои се „надвор“ од мрежата.

„Ова е доста агресивен обид да се задржи сообраќајот на сајтот.“, вели директорот на TBG, Симон Мансел, за Financial Times. „Ако брендот инвестира во кампањи кои се дизајнирани да бидат друштвени, Facebook ќе им врати пари – ова ми изгледа фер на мене.“

Toa што е важно за овие реклами кои ги мотивираат корисниците да комуницираат со брендот на нивната фан страна, пример лајкнување, коментирање, активирање апликација итн, е што тие активности ќе бидат прикажани на корисничкиот ѕид и видени од пријателите, што ќе резултира во поголема истакнување на брендот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии