Пола од твитовите припаѓаат на само 20.000 твитерџии

Yahoo Reasearch, одел на Yahoo за интернет истражувања, во својот најнов извештај открива дека 50 отсто од вкупниот број на твитови припаѓаат на само 20.000 корисници. Останатите твитерџии само ретвитаат информации кои се споделени од активните корисници.

Според истражувањето на Yahoo Research оние кои што се најактвини твитерџии, наведените 20.000, всушност претставуваат само 0,05 отсто од вкупниот број на Twitter корисници. Twitter има 250 милиони корисници од кои само 50 милиони го отвараат својот профил секој ден. Се разбира од овие 50 милиони корисници не твита секој. Поголемиот број од овие корисници само ја конзумираат содржината без да креираат нивна. Според истражувачот Данкан Вотс малиот број на корисници кои креираат содржина се всушност медиуми, славни личности и блогери, кои се следени од сите останати корисници.

Според новинарот на NewYorkMag, Џо Хаган, Twitter се свесни дека имаат одреден број на влијателни корисници кои креираат содржина и поради нив доаѓаат многу други корисници кои сакаат да ги следат. Според него, Twitter е на некој начин нов вид на медиум, сличен на телевизија или радио, кој се грижи своите главни ѕвезди да бидат среќни. Доколку Twitter ги изгуби овие влијателни корисници, ќе пропадне како и MySpace што пропадна. Twitter планира да ги искористи овие влијателни корисници за маркетингшки цели, така што нивните твитови ќе содржат реклами и со тоа ќе влијаат на оние корисници кои ги следат.

1 коментар на “Пола од твитовите припаѓаат на само 20.000 твитерџии

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии