Покренете Windows 95 во Windows 10

Доколку сте еден од многуте Windows 95 носталгичари, тогаш претпоставуваме дека со задоволство би се навратиле во златните добри денови на чедото на Microsoft.

Кликнување на следниот линк, ќе ве одведе на сајт преку кој можете да го преземете Windows 95 како апликација која можете да ја покренете на кој било модерен компјутер. Филикс Ризберг се има потрудено да го смести прастариот оперативен систем во Electron апликација, пишувајќи го кодот во JavaScript.

Наспроти насловот, апликација Windows 95 можете да ја покренете и во macOS околина, но и Linux. А, во моментот кога ќе „навлезете“ во системот, ќе можете да ги заиграте и класичните игри како Doom или Wolfenstein 3D.

2 коментари на “Покренете Windows 95 во Windows 10

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии