Покренете Mac OS 8 во Windows 10

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Пред неколку дена ве известивме за интересниот проект на Филикс кој има направено апликација преку која Windows 95 се покренува од Windows 10, macOS, или Linux. Човекот никако не седи со скрстени раце, а неговиот нов проект ви дозволува да се преселите во Mac OS 8 од Windows 10. Слично како со Windows 95 и апликацијата на овој проект е заснована на JavaScript, а може да се покрене и на macOS и Linux.

Покренување на апликацијата би требало да симулира работа на Macintosh Quadra 900, со Motorola процесор и програми кои датираат од 1997 година. Тоа значи дека можете да го започнете вашето носталгично тонење во Photoshop 3, Premiere 4, Illustrator 5.5, StuffIt Expander, Apple Web Page, Construction Kit, Oregon Trail, Duke Nukem 3D, или Civilization II.

Mac OS 8 доаѓа од слична временска ера како и Windows 95. Имено, Apple започна со дистрибуција на Mac OS 8 во јули 1997 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии