Покрај нови повлекувањата на основачите Facebook ја лансира Libra

Дејан Соколоски

во Свет

Повлекувањата на неколку големи компании кои ја поддржаа крипто-валутата на Facebook – Libra не ги поколеба поддржувачите. Во последен момент од асоцијацијата се повлекоа Booking Holdings Inc, Kayak.com и Priceline.com. Со ова четвртина од основачите веќе ја напуштија асоцијацијата, но Facebook и преостанатите партнери и формално ги ратификуваа документите за основање во Женева.

Libra Association“ најави дека и покрај бавниот старт над 1 500 организации веќе изразиле интерес за учество. Од овие 1 500 организации 180 би можеле наскоро да побараат учество во асоцијацијата.

Преостанатите 21 членки го одбраа и бордот на директори. Од Facebook доаѓа Давид Маркус, покрај него ќе учествуваат членови од Andreessen Horowitz, Xapo, PayU и Kiva, пренесе ArsTechnica.

Со повлекувањата на Mastercard и Visa, Libra остана без глобален платежен сервис, иако на листата остануваат големи компании како Uber, Lyft или Vodafone. PayU е единствениот  традиционален платежен сервис кој остана до официјалниот старт.

Условите за членство зависат од големината на организациите, но во проценката  се разгледуваат вредноста на компанијата, финансиските депозити и годишен буџет. Првите членки на асоцијацијата ќе инвестираат по 10 милиони долари за развој на Libra.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии