Покрај нападите со ракети, Хамас и израелските власти започнаа и Twitter војна

Во чудно истакнување на моќ и угнетеност истовремено пред меѓународната јавност, исламските фундементалисти Хамас ги твитање нападите врз Тел Авив со софистицирани ирански ракети Fajr-5. Организацијата владее со појасот Газа, отсечен дел од Палестина, кој е контроверзно затворен од Израел. Иако Газа со години е место за битки меѓу палестинците и израелците, сепак ова се први ракети да го погодат Тел Авив по 20 години.

Нападите се прелеаа на друштвените мрежи откако IDF (Israel Defence Forces) на Youtube го објави видео од нападот во кој го убија водачот на Хамас, Ахмед ал-Џабари, објави Wired.

[youtube]krsPOQADf1w[/youtube]

Истовремено со нападот и IDF се вклучи во неочекувано препукување на Twitter, предупредувајќи ги членовите на Хамас „да останат под земја“.

Да не останат надминати Тwitter профилот на Alquassam Brigades почна да ги објавува нападите и бројот на жртвите.

Twitter војната помеѓу Хамас и IDF се одвива и на хаштаговите #IsraelUnderFire, #GazaUnderAttack, #FreeGaza, #Resistance, #ShaleStones и #Gaza. И двете групи ја користат микро платформната за пропаганда, со цел да се прикажат како поголеми жртви во нападите.

1 коментар на “Покрај нападите со ракети, Хамас и израелските власти започнаа и Twitter војна

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии