Pokemon Go не запира, играта по 2 години сè уште е во топ 10 по заработка

Една од првите игри кои покажаа колку забавна може да биде проширената реалност не запира. Pokémon Go во октомври заработи 73 милиони долари, што е раст од 67 отсто во однос на минатата година. Креаторот на играта Niantic постојано додава нови покемони и организира настани за фаќање и борба со ретки покемони, па  можеби успехот и не треба да биде изненадување.

Во октомври минатата година играта заработи 43,6 милиони долари,  а досега има заработено над 2 милијарди долари. Иако одамна не е најиграна игра сепак според заработката останува во топ 10 и за игри и за апликации. Тоа што се појавува и на листата за апликации не е изненадување со оглед на тоа што најголем заработка имаат игрите. Тоа може и да се воочи и со споредбата на листите, на листата за заработка на апликации, Pokémon Gо е на 8 место, а на листата на заработка на игри на 7. Заработката е пресметана од двете најголеми продавници Google Play и AppStore.

Ако судиме по парите играта е најиграна во Јапонија и САД. Од Јапонија доаѓа 33,2 отсто од заработката, а од САД 32,9, вели Sensor Tower.

Pokémon Go е прва игра, но и прва апликација воопшто која во добар дел ги искористи можностите на проширената реалност. Дополнително се засновани на содржина која пред десетина години беше многу популарна, па носталгијата привлече куп играчи.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии