Pokemon Go го привлече интересот на McDonald’s и други брендови

Носталгијата и проширената реалност си го направија своето. Pokemon Go го освои светот и сега има повеќе играчи дневно кои ловат покемони од сите други друштвени мрежи. Играта, која може да ја играте и во Македонија ако симнете APK фајл за Аndroid од интернет, придонесе акциите на Nintendo да пораснат за 50 отсто на берзата, но можеби вистински генијален потег е монетизирањето на играта. Сега секоја локација може да се претвори во сала за тренирање на покемоните или арена за борба, што би привлекло повеќе играчи да поминат подолго време на локацијата. Затоа, не изненадува што McDonald’s e меѓу првите големи брендови што ќе се вклучат во играта.

pokemon-go-usage-comparison

Спонзорираните локации ќе овозможат дополнителен приход за Niantic, кои се креатори на апликацијата. Иако се чини дека дополнителни средства барем засега не се потребни. Pokemon Go само од iOS корисниците од САД секојдневно заработува 1,6 милиони долари, јави Quartz.

Претходната игра на Niantic, уште додека беа дел од Google, Ingress беше слична на Pokemon, со тоа што во таа игра се појавуваа портали со чие скенирање корисникот добиваше поени. Компанијата и во оваа игра имаше мрежа на продавници кои плаќаа за порталите да бидат поставувани во нивните локации, а со тоа и корисниците почесто да ги посетуваат.

Средствата за реклами зависат од бројот на посетители или колку повеќе посетители, толку повеќе пари за Niantic. Дел од продавниците во САД веќе ги користат бенефитите на покемон рекламирањето, а ресторан во САД кој има „power-up“ за 10 долари, забележа пораст во посетеноста од 75 отсто, јави Financial Times. „Бројот на нови посетители е неверојатен.“, вели сопственикот на L’inizio Pizza.

Иако компанијата вели дека наскоро ќе ги имплементира спонзорираните локации, Ману Гил од Австралија по декомпајлирањето на кодот на играта откри стрингови со содржина McDonald’s. Според него ова е сигурен доказ дека првиот партнер на Niantic ќе биде популарниот ланец за брза храна, пренесе Gizmodo.

1 коментар на “Pokemon Go го привлече интересот на McDonald’s и други брендови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии