Погответе ги паричниците, започнува Kickstarter кампањата за новата игра на македонскиот издавач Archona Games

Оваа недела на Kickstarter започнува кампањата за Galactic Warlords: Battle for Dominion на Archona Games. Најголем дел од полирањето на Galactic Warlord е направено во Archona, а игратa е дизајнирана од Бабис Гианиос. Kickstarter кампањата започнува на 15 јуни.

Играта беше замислена малку поинаку, но по средбата со Милан, г. Гианиос и Archona ја преработија темата. По ова ја променија локацијата и играта сега е во вселената, во регионот Прејака. Имињата на платениците се дополнителен дел од играта што ќе им биде забавен на македонските играчи. Така во авантурите ќе ве придружуваат: Nezz Ezai, Seen Geer, 4-ORB-A или T’Sari Tsa.

„Соработувавме со Archona Games и ја рафиниравме играта да соодветствува на темата и на гејмплејот. Ја направивме живо искуство, вредно да се искуси! Може да играат сите, да уживаат и да ја почувствуваат возбудата на освојување и галактичкото откритие“, вели г. Гианиос.

Galactic Warlords: Battle for Dominion e стратешка игра со карти наменета за 2 до 4 играчи. Играчите имаат улога на воедни водачи и се обидуваат да воспостават контрола врз регионот Прејака (Preiakka). Во текот на играта регрутираат различни херои (карти), и со нивна помош доаѓаат до различни ресурси, пример војници. Со помош на војниците, моќите на хероите и акциите треба да ги освојат планетите на таблата. На крај играчите си ги пребројуваат поените од мисиите, а играчот со најмногу поени е победник.

Дизајнер на Galactic Warlords: Battle for Dominion, е Бабис Гианиос, илустратор е Тхе Мичо, а издвач е Archona Games. Archona Games е основана од Милан Тасевски, а нивната прва игра Small Star Empires е првата успешна Kickstarter кампања од Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии