Поголема контрола врз самопокренувачки програми со Autorun Organizer 4

Со секое вклучување на компјутерот, одредени програми си земаат за право автоматски да се вклучуваат. За одредени програми, тоа е сосема во ред и никако не би сакале рачно да го вклучувате, на пример, Steam. но, некои други програми воопшто не ви се корисни со нивното автоматско покренување, трошење ресурси, и успорување на севкупната работа.

Увид и можна деактивација на самопокренувачките програми можете да добиете без да инсталирате каков било програм. Едноставно кликнете на start и во полето напишете msconfig. Од ново-отворениот програм изберете го јазичето Services, штиклирајте Hide all Microsoft services и ќе добиете листа од програми од трети лица, кои се покренуваат со оперативниот систем. За да исклучите некое покренување, едноставно дештиклирајте го и изберете ОК.

Одредени програми, меѓутоа, ви даваат значително поголема контрола врз ова, програми како Autorun Organizer. Со овој програм можете само привремено да деактивирате одредени работи, да ги отстраните, или да наместите автоматски да се покренат по 30 секунди. Згора на ова, програмот ќе ве извести доколку детектира малициозни кодови затоа што претходно ги скенира на VirusTotal.

Најновата, четврта верзија, конечно се префрлува на 64-бит-ната архитектура, со што, севкупното искуство е осетливо забрзано. Она на што мора да внимавате е при самата инсталација на алатката и да не изберете инсталирање на пропратен, обично непотребен софтвер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии