Поголема контрола врз pdf документи со PDF24 Creator

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Оние што често се сретнуваат со pdf документи се повеќе од свесни за бројните ограничувања кои се пропратени со форматот. Преку стандарната апликација за читање pdf документи, не можете да создавате pdf документи, да споите два во еден, или пак да одделите еден документ на два засебни. За остварување на таквите операции би можеле да се потпрете на PDF24 Creator.

PDF24 Creator e одлична и, пред сè, бесплатна колекција од алатки кои ви дозволуваат брзо и ефикасно да ги извршите горните операции. Најновата десетта верзија се одликува со нова лента од алатки, можност за оптимизирање на документот за веб употреба, како и нова опција за создавање резиме за ново работно место.

Алатките со кои се одликува PDF24 Creator можат да се користат додека сте конектирани на интернет, но, за поголема ефикасност можете да ја симнете и инсталирате колекцијата од алатки. Дополнително, за пофалба е значително подобрената алатка за снимање на екранот, како и надградената поддршка за OCR односно Optical Character Recognition.

Проверете ги потенцијалите на PDF24 Creator тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии