Поголема контрола врз Firewall, со Windows Firewall Control

Windows Firewall е исклучително моќна алатка која допринесува до значително поголема безбедност. Microsoft имаат направено одлична работа, но доколку сакате поголема контрола и дополнителни функции, би можеле да инсталирате Windows Firewall Control.

Windows Firewall Control e алатка од трето лице, компанија која сега е под чадорот на Malwarebytes. Откако ќе ја преземете и инсталирате, добивате можност за избор помеѓу три начини за филтрирање. High ги блокира сите излезни (outbound) и влезни (inbound) конекции. Medium ги блокира само оние излезни конекции кои подлегнуваат на правилата кои претходно сте ги активирале. За крај, опцијата No, го исклучува огнениот ѕид (ваквото нешто никако не го препорачуваме).

Најновата, шестта верзија се одликува со нов интерфејс и јазичето Dashboard преку кое се гледа состојбата на Windows Firewall, како и сите излезни и влезни конекции. Покрај надополнет прирачник за користење, Windows Firewall Control сега поддржува и повеќе јазици.

1 коментар на “Поголема контрола врз Firewall, со Windows Firewall Control

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии