Поголема брзина на вашето PC со Jetboost

Windows 10 има корисна алатка која наводно го забрзува вашиот компјутер при играње видео игри. Game Mode е дополнителен труд од страна на Microsoft подобро да се оптимизираат игрите така што се отсекува пристапот до ресурси кои се непотребни за време на играта и се врши приоритизација на ресурсите за извлекување повисоки перформанси при играњето. Оние кои сакаат малку поразлична алтернатива или пак играат игри на друг оперативен систем, дефинитивни би можеле да ги проверат потенцијалите на Jetboost.

Jetboost e алатка која брзо и привремено ги исклучува сите непотребни сервиси и програми. На овој начин, компјутерот може целосно да се фокусира на покренувањето на видео игрите со поголема побарувачка. Дополнително, алатката се препорачува и при кодирање видеа во висока дефиниција. Додека алатката е активна, би требало да се очекува по флуидна работа на специфичните операции од висока побарувачка. Велиме би требало, затоа што сево ова нам нѝ звучи прилично убаво, но како теорија. Праксата нѝ има покажано дека, како и со Game Mode-от од Windows 10, така и со Jetboost, не можете да бидете премногу импресионирани од резултатите и ова не се алатки кои магично го трансформираат вашиот i3 процесор во i7.

Причината поради која повеќето го користат Jetboost е и при работа и привремено деактивирање на деконцентрирачки апликации кои очајно се трудат да ве втурнат во светот на преубавата прокрастинација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии