Погледнете ја внатрешноста на Google Chromecast

Борис Кузманов

во Хардвер

Google минатата недела го претстави Chromecast, HDMI уред што ги поврзува вашите уреди со телевизорот, кој заинтересира огромен број на луѓе пред се поради евтината цена и поради можниот потенцијал. Интересот е толку голем што Chromecast веднаш беше распродаден на двете продавници на кои беше достапен, Amazon и Google Play.

Познати по својата радозналост за внатрешноста на уредите, дечките од iFixit, го расклопија Chromecast и открија дека матичната плоча содржи:

  • AzureWave AW-NH387 802.11 b/g/n WLAN, Bluetooth и FM Combo Module;
  • Marvell DE3005-A1 System on Chip
  • Micron MT29F16G08MAA 16 Gb (2 GB) NAND Flash Memory
  • Micron D9PXV 512 MB DDR3L SDRAM
  • DDR3L SDRAM (1.35 V) is a low voltage version of the DDR3 SDRAM (1.5 V).


Според iFitix, „внатре нема што да се поправи, Chromecast е луксузен уред со ограничена употреба“. Инаку, спецификациите на уредот се:

  • 1080p HDMI излез
  • 2.4 GHz WiFi 802.11 b/g/n
  • 1080p максимална излезна видео резолуција
  • Компатабилен е со повеќе уреди, вклучувајќи ги iOS и Android уредите.
  • Работи на USB

[youtube]cKG5HDyTW8o[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии