Погледнете како суперкомпјутерот Titan следи трилиони честички во космолошка симулација

Hardware/Hybrid Accelerated Cosmology Code (HACC) е обид да се искористи пресметковната моќ на суперкомпјутерите за прикажување на комплициран модел на универзум кој е во експанзија. Проектот следи четири пати повеќе елементи од претходната симулација, односно над 1,1 трилиони честички додека се поместуваат.

Пресметките за проектот ги прават три суперкомпјутери Titan, Sequoia и Mira. Додека работи на Titan, симулацијата користи над 25 петафлопи од процесирачката моќ, брзина за која може да ја постигне единствено уште Tianhe-2, најбрзиот суперкомпјутер во светот кој се наоѓа во Кина, пишува The Verge. Очекувањата се дека со разбирање на патеките на материјата во вселената, космолозите ќе може да ја следат темната материја за која експертите сметаат дека е составен дел на 25 отсто од Вселената.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии