Погледнете како компјутер решава огромна виртуелна рубикова коцка

Стандардната рубикова коцка со девет делови на страните може да се реши во најмногу 20 вртења без разлика. Волку се „оддалечени“ најразличните комбинации од спастрената коцка. Светскиот рекорд во местење на коцката е 3,47 секунди за луѓе и помалку од 1 секунда за роботи.

Сепак не сите рубикови се направени еднакви. „ShellPuppy“ креираше софтвер со кој компјутерот најпрво може да креира рубикова коцка а потоа и да ја реши. ShellPuppy е инженер и развивач на софтвер, а мотивација за креирање му било видео во која компјутер решава 55х55 коцка, пишува Vice. Секако креирањето на оваа коцка ќе беше безначајно ако немаше и алгоритам за решавање на коцката.

„Компјутерите имаат многу повеќе меморија и процесирачка моќ. Седнав и на салфетка направив некои пресметки, сфатив дека со 32 GB RAM може да креирам 65 536 х 65 536 коцка“.

Она што е интересно е дека пред да работи на овој проект ShellPuppy немал идеја како воопшто се решаваат коцките. Сè што научил за ова е од YouTube туторијалите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии