Погледнете ја најавата на македонската игра Sonder, доаѓа на Steam на 8 мај

Image courtesy of KAMAi Media

По неколку години напорна работа, конечно одлична вести од Kamai. Sonder Episode One, првиот AAA македонски наслов е подготвен и влегува во рана фаза на 8 мај.

„Веќе неколку години работиме напорно на концептот, технологијата и содржината на играта. Mногу сме возбудени што можеме да ја покажеме на луѓето и да прибереме мислења и сугестии за многу од работите кои ги правиме на нов, различен или просто чуден начин“, велат од Kamai.

Видеоиграта ќе биде достапна на Steam, а продажбата започнува веќе следната недела. Во видеото кое Kamai го објавија за првпат може да видиме како официјално ќе изгледа видеоиграта во текот на играњето. За жал и за среќа, видето не открива многу од приказната, па целата ќе може да ја откриеме од 8 мај.

Kamai Media е македонско студио за дизајн на видеоигри лоцирано во Битола. Основано е од Петар Котевски, кој по работата на куп проекти, од Far Cry до Halo, се врати во Македонија со идеја да продолжи да го прави она што најмногу го сака дома. Приказната за Sonder и Kamai започна околу 2011,  2012 година, а сега конечно може да се порадуваме на нивната прва видеоигра.

Официјална потврда за цената на епизодите сè уште нема, но ноефицијално предложена е цена од 4 евра во рана фаза и 5 евра во регуларна продажба. Додека чекате да ја играте Sonder, може да им помогнете на Kamai со споделување на видеото и веста за излегувањето!

1 коментар на “Погледнете ја најавата на македонската игра Sonder, доаѓа на Steam на 8 мај

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии