Без врска што сè уште се и самите студенти, или што имаат стартап кој постои помалку од една година, тоа што ги прави G6 Solutions релевантни за новите студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство е што G6 има освоено награда од 100.000 долари на светски натпревар со Crack Your Screen која е симната 15 милиони пати. Тој подвиг е доволно добра порака за сите ентузијасти дека денес нема врска што во Македонија не се инвестира на иновативните ИТ сервиси и апликации, кои пак се гледаат само како хоби на млади програмери; напротив, ако постои доволно добра идеја ќе може да се освои светот, или барем огромна парична награда од еден од стотината стартап натпревари.
„Сакавме да покажеме дека квалитетот кај нас навистина постои“, вели Теодос Пејоски, еден од петте основачи на G6 Solutions. Погледнете го неговиот краток мотивациски говор пред студентите. Доколку сакате да чуете повеќе за неговото искуство, Теодос имаше добрa дискусија за стартапи со „45 минути маркетинг“.