Погледнете ја епската презентација на Google Glass (видео)

Сергеј Брин се појави на I/O носејќи ги научно-фантастичните наочари со име Project Glass и во живо, заедно со неколку падобранци и екстремни спортисти, ги демонстрираше функционалностите на овие наочари кои сигурно ќе го променат начинот како споделуваме информации. Project Glass се наочари преку кои се прикажуваат информации и со кои може да се гледа, слуша и снима видео и фотографии кои директно можат да се синхронизираат и споделуваат на Веб.

„Идејата зад Google X е да преземаме храбри ризици и да стигнеме до границите на технологијата надминувајќи го тоа што е можно сега.“, вели г. Брин. „Сакаме да бидеме што е можно помалку робови на технологијата.“

Google Glass наочарите ќе се појават најверојатно следната година, но во меѓувреме можете да го погледнете фантастичното демо.

[youtube]D7TB8b2t3QE[/youtube]

1 коментар на “Погледнете ја епската презентација на Google Glass (видео)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии