Погледнете ги сите презентации од конференцијата e-Oпштество 2011

Во тек е вториот ден од меѓународната конференција е-Општество со тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“, организирана од фондацијата Метаморфозис, и поддржана од Европската унија како дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Вториот ден е посветен на работилниците за „зелена“ канцеларија и креативна реупотреба на е-отпад, додека првиот ден од конференцијата беше исполнет со презентации, предавања и истражувања за проблемите што ги носи е-отпадот и како да се справиме со нив.

Сите тие презентации се закачени на сајтот e-society.mk, a подолу се неколку кои ни се допаднаа и имаат доста корисни информации.

  • „Препораки за политики за справување со е-отпадот“ – Ања Френч, Computer Aid International. Презентацијава ги дефинира полисите и политиките кои треба да бидат прифатени со цел да се справиме со е-отпад. Пример, забрана на увоз и извоз на е-отпад, приоритет на рециклирање, мониторирање на компаниите и соодветни казни за фрлање е-отпад…

  • „Македонија: Обврски, очекувања и предизвици при справување со е-отпад“ – Елена Игнатова, Фондација Метаморфозис. Оваа презентација ја разгледува ситуацијата со е-отпадот во Македонија, која за жал е лоша, пример е-отпадот оди со комуналниот, и го опишува Закон за управување со електрична и електронска опрема. Има и интересни предлози од граѓаните за како да се справиме со е-отпадот.

  • „Е-отпад во Бугарија: Практики и проблеми“ – Владимир Иванов, BlueLink. Оваа презентација е интересна бидејќи може да послужи за споредба меѓу Македонија и соседите, пред се за споредба на информираноста на македонските и бугарските граѓани за законите и справувањето со е-отпадот. Ако се погледне статистиката јасно е дека во двете земји граѓаните не се доволно информирани за справувањето со е-отпад.

  • „Анализа и применливост на концептот „Зелена ИТ“ во Р. Македонија (истражување)“ – Даниела Гавриловска, независен експерт. Ова истражување ја разгледува улогата на македонските ИТ компании во справувањето, грижата и свеста за е-отпадот. Интересно, „само 13,33 отсто имаат стратегија за применана на GreenIT или планови за намалување на потрошувачката на ел. енергија и емисијата на јаглерод диоксид“.

3 коментари на “Погледнете ги сите презентации од конференцијата e-Oпштество 2011

  1. Сметам дека концептот на Законот со „овластени одлагачи на отпад“ е потполно промашен, затоа што сеуште има место за манипулации…
    Компаниите нема да имаат (финансиска) иницијатива за еколошко одлагање на отпадот, бидејќи ќе треба директно да ги плаќаат услугите за тоа. На страна што веќе се формираа две-три партиски фирми кои ќе го земаат кајмакот.
    Кога би се применило скандинавското решение, би било многу поефикасно: производителите и увозниците во моментот на пуштањето во промет/увозот да плаќаат одреден (мал) процент на државата, која потоа, по „службена должност“ (а со собраните пари) ќе се грижи за систематско и системско одлагање.

    Но, кој ме слуша мене…

    1. Метаморфозис организираше неколку јавни дебати за законот и имаше повици за поднесување предлог измени на законот.

      Инаку во законот е предвидено: доколку не се склучи договор со некој колективен постаувач на е-отпад, да се плаќа надоместок од оние што пуштаат опрема на пазарот, а потоа тие средства ќе се делат со јавен конкурс.

      Најдобро да напишеш еден конкретен предлог, па доколку има измени на законот да може да се земе во предвид.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии