Спонзориран текст

Поглед на новите канцеларии на Sopro во Скопје

Британската компанија Sopro после шест години на британскиот и пет години на македонскиот пазар, пред неколку недели ја отвори својата четврта канцеларија во срцето на градот Скопје, на плоштад Македонија. 

Sopro постои благодарение на неверојатен тим и иновативна технологија. Иако се класифицира во маркетинг секторот, станува збор за компанија поддржана од брилијантен софтвер и тимот брои речиси исто толку девелопери колку и маркетинг специјалисти. Sopro ги поврзува своите клиенти (бизниси) со други бизниси со цел остварување продажба и раст. Ова го прават со постојани иновации, создавање нови технологии, проекти, и платформи кои се користат интерно во компанијата за поефективно доставување на услугата со што се двојат од конкурентските компании.

Sopro цели кон користење на најнови технологии во секоја објласт.  На своите вработени  им обезбедува модерна и пријатна работна средина, создадена со цел да поттикне креативност и заеднички напредок.

Новите канцеларии се направени со истата мисла.

Моника Јошевска – Менаџер за Македонија и Раководител на Оперативниот Сектор, за новите канцеларии:

„Кога го правевме планот за новите канцеларии, нашата цел беше да изградиме спој помеѓу модерен простор за работа кој поттикнува размена на идеи, но истовремено и простор во кој секој вработен ќе ужива додека поминува време. Плански креиравме катчиња низ канцелариите за сите оние на кои им е потребна креативна пауза во текот на денот. Делови од канцеларијата се исклучиво наменети за одмор, рекреација и дружба со колеги, вклучувајќи го кровот на канцелариите што го замисливме како градина. Канцелариите зафаќаат простор од 2,500 метри квадратни и располагаат со 12 конференциски сали и капацитет за тим од 300 вработени што само го потврдува нашиот план за зголемување на присуството на македонскиот пазар.“

Тимот на Sopro во Скопје моментално брои 130 вработени и овој број е во постојан раст.

„Пред речиси пет години ја отворивме нашата прва канцеларија во Скопје на плоштад Македонија која зафаќаше 100метри квадратни и имавме тим од 10 луѓе. Благодарение на пасијата и посветеноста на нашиот тим успеавме да го дуплираме бројот на клиенти и вработени секоја година.  Во срцето на Sopro се луѓето. Нашиот примарен фокус е нивни раст и развој. Покрај пријатната работна средина, секој во Sopro има индивидуален план за развој и надоградување  врз база на индивидуално поставени цели. Нашата филозифија е да се биде 1% подобар секој ден.“ – додава Моника.

Sopro постојано има отворени работни позиции, најчесто од IT и маркетинг секторите. Повеќе за Sopro дознајте на нивната веб страна.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на SoPro. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии