AdWords 101: Поефикасен ремаркетинг со Google Analytics и MCC

(Oва е гостински пост на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6 Solutions. Ева се реши да напише серијал на блог постови за Google AdWords на Medium. Ги реобјавуваме со нејзина дозвола)


Google Adwords е платена платформа за рекламирање, достапна за сите бизниси без разлика дали станува збор за мали бизниси или големи корпорации.

Профилите на менаџерите (MCC) им помагаат дури на најискусните AdWords огласувачи брзо и лесно да си ја завршат работата — од следење на ефикасноста на профилот до правење на промени во кампањите од неколку профили. За да овозможи подетални извештаи, како и да ги изрази активностите поврзани со Ремаркетинг, Google воведе две нови подобрувања во профилите на менаџери (MCC): поврзување на профилите во Google Analytics и споделување на маркери и списоци за ремаркетинг.

Вашите профили на Google Analytics или Google Analytics Premium веќе можете да ги поврзете директно со вашиот профил на менаџер во AdWords. Тоа најлесно може да го направите ако го следите советникот за поднесување кој се наоѓа во Account settings во AdWords. Овој оптимизиран работен процес за поврзување на профилите ја отстранува потребата одделно да го поврзувате секој свој профил на Google Analytics и AdWords.

1-AhrN1Q1xdASa2Vf-JJ-BnQ

Вака кога ќе ги внесувате вашите цели, индикатори за вашиот вебсајт, списоци за ремаркетинг или други податоци од Google Analytics, тоа ќе мора да го правите само еднаш. Освен тоа, со секое додавање на нов профил во AdWords со Вашиот профил на менаџер, тој автоматски ќе се поврзе со Google Analytics. Овие подобрувања заштедуваат време и ви даваат можност да се фокусирате на оптимизирање на своите кампањи. Повеќе информации за тоа како да го поврзете вашиот Google Analytics профил со својот MCC овде.


Ева предава курс за AdWords преку Brainster. Пријавете се!


Со помош на опциите ремаркетинг во Display Network, списоци за ремаркетинг во Search Network и Similar Audience, многу огласувачи често постигнуваат голем успех повторно ангажирајќи ги сегашните корисници и пронаоѓајќи нови. За подобрување на ова корисничко искуство, огласувачите можат да создаваат и споделуваат списоци за ремаркетинг директно во својот профил за менаџер. Тоа може да се направи во секцијата Audiences.

Со помош на маркерот за ремаркетинг на ниво на менаџер, вие може да создавате списоци за ремаркетинг и да ги користите преку сите свои профили. На овој начин нема да имате потреба да ги управувате списоците во секој профил на AdWords поодделно, а доколку некои од вашите профили веќе имаат свои листи, ова подобрување ќе ви дозволи да ги споделите да бидат достапни и во другите профили кои ги користите.

*Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии