Поефикасна технологија за помалку хартија

Кратко видео од DocuShare можете да видите тука, а подолу е дел од интервјуто на Fierce Content Manager (FCM) со г. Смит кој вели дека бизнисите постепено се адаптираат на електронските документи.

„Со нашата технологија компаниите го елиминираат проблемот со задачите кои одземаат значајно време, со подобар пристап до критични информации и ги намалуваат оперативните трошоци – со што се зголемува ефикасноста и продуктивноста.“ вели тој.

Вкупно 2.24 трилиони страници беа испринтани минатата година, вели г. Смит кој додава дека иако претходните анализи и предвидувањата од пред неколку години беа дека денес ќе има бизниси кои користат се помалку и помалку хартија, всушност тоа не може да се изведе бидејќи многу бизниси зависат од хартија.

Тоа што е можно е разните платформите за менаџирање на содржини, како софтверот на Хероx, им „овозможува на луѓето да постигнат баланс, да принтаат кога тоа им е потребно, но истовремено да преминуваат кон дигитализација со скенирање документи, споделувајќи ги на интернет, и автоматско процесирање за поголема ефикасност. На овој начин, компаниите заштедуваат време и пари“ вели г. Смит.

Дали главните препреки на кои наидуваат компаниите кои се обидуваат комплетно да ја прекинат работата со хартија се повеќе од културна, традиционална природа (не сакаат да се откажат) или практична (начинот на кој се завршува работата?) е интересното прашање на Fierce Content Manager.

„Двете.“ одговара г. Смит. „Откажувањето на работниците од своите навики за вршење на работата со помош на принтање може да биде тешко. Поради тоа, вие морате да ги едуцирате вашите вработени за начините на кои ECM (Enterprise Content Management) може да им помогне при завршување на нивната работа полесно, побрзо и прецизно. Откако тие ќе ги разберат бенефициите при завршувањето на нивните секојдневни обврски и задачи со помош на ECM, тие ќе се адаптираат и полесно ќе го прифатат работењето со електронски документи.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии