Поефикансо справување со колачиња (cookies) со следниве екстензии

Прелистувачки колачиња, кој има време за нив? Доколку ви е преку глава од константно барање дозволи за колачиња, би можеле да инсталирате екстензија која автоматски ги прифаќа сите колачиња.  На овој начин, прелистувате без да добивате иритирачки известувања и барање дозволи за поставување колачиња.

Иако игнорирањето на нотификациите за колачињата не се премногу препорачува, I Don’t Care About Cookies прифаќа сè во ваше име и не дозволува да бидете исфрустрирани на ваков начин. Екстензијата за Chrome се наоѓа тука, а за Firefox – тука.

Од друга страна, дали не ви се допаѓа идејата од постојано вдомување на најразлични колачиња? Во тој случај можете да инсталирате Cookie AutoDelete. Со оваа екстензија, автоматски бришете колачиња секојпат кога ќе затворите некое јазиче од вашиот прелистувач. Можете и да наместите за одредени сајтови да не се бришат колачиња, или да бидат дозволени само за одредено време. Екстензијата за Chrome побарајте ја тука, а екстензијата за firefox – тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии